Политика за приватност

ЏИВИ ДОО Гевгелија посветува особено внимание на заштитата и доверливоста на личните податоци на корисниците, согласно Законот за заштита на личните податоци и важечките законски прописи на Република Северна Македонија.
Со користење на оваа веб-страница, корисникот се согласува со условите наведени во оваа Политика за приватност.

1. ОФИЦЕРИ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

ЏИВИ ДОО Гевгелија презема соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци на корисниците.
За сите прашања поврзани со обработката и заштитата на личните податоци, корисниците можат да нè контактираат преку:
📧 jivihome@gmail.com
📞 034-211-299; 034-611-899

2. КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Веб-страницата користи cookies со цел:

  • правилно функционирање на страницата,
  • подобрување на корисничкото искуство,
  • анализа на посетеност,
  • маркетинг и рекламирање.

Cookies можат да бидат:

  • неопходни cookies,
  • аналитички cookies,
  • маркетинг cookies.

Корисникот може во секое време да ги измени поставките за cookies преку својот интернет прелистувач.

3. СОБИРАЊЕ И ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Компанијата може да собира лични податоци како:

  • име и презиме,
  • телефонски број,
  • e-mail адреса,
  • адреса за достава,
  • информации поврзани со нарачки,
  • IP адреса и технички информации.

Податоците се собираат при:

  • регистрација,
  • online нарачка,
  • пополнување контакт форма,
  • комуникација со компанијата.

Собраните податоци се обработуваат исклучиво за:

  • реализација на нарачки,
  • достава,
  • комуникација со корисници,
  • корисничка поддршка,
  • подобрување на услугите,
  • статистички и аналитички цели.

4. КОРИСТЕЊЕ И ПРЕНОС НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

ЏИВИ ДОО Гевгелија не ги продава, отстапува или споделува личните податоци со трети лица, освен кога тоа е:

  • неопходно за реализација на услугата,
  • потребно за испорака на производи,
  • законски задолжително,
  • или поврзано со обработка на online плаќања.

Личните податоци може да бидат споделени со овластени партнери, монтажни
тимови и надворешни соработници исклучиво за потребите на реализација на услуги поврзани со испорака, монтажа и сервис на клима уреди и топлотни пумпи, внатрешно уредување, како и изработка и монтажа на мебел по мерка.
Личните податоци се користат исклучиво за целите за кои се собрани.

5. СИГУРНОСТ

ЏИВИ ДОО Гевгелија применува современи безбедносни стандарди и технички мерки за заштита на личните податоци од:

  • неовластен пристап,
  • злоупотреба,
  • губење,
  • измена,
  • или неовластено откривање.

При online плаќање, податоците од платежните картички не се складираат и не се достапни за компанијата.
Сите електронски трансакции се обработуваат преку безбедна и сертифицирана платформа на овластен процесинг центар.

6. ПРАВИЛА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ПОРАКИ

Со внесување на својата e-mail адреса или телефонски број, корисникот може да добива:

  • информации за нарачки,
  • известувања за испорака,
  • промотивни понуди,
  • маркетинг и информативни пораки.

Корисникот во секое време има право да се отпише од добивање маркетинг пораки преку:

  • unsubscribe линк,
  • e-mail барање,
  • или директен контакт со компанијата.

7. ПРАВА НА СУБЈЕКТОТ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Секој корисник има право да:

  • побара пристап до своите лични податоци,
  • побара исправка или дополнување,
  • побара бришење на податоците,
  • побара ограничување на обработката,
  • поднесе приговор за користење на податоците,
  • побара пренос на податоците согласно законските прописи.

Барањата можат да се достават преку официјалните контакти на компанијата.

8. КОНТАКТ

Доколку сакате вашите податоци да бидат коригирани или избришани, или доколку имате какви било прашања, барања или предлози поврзани со заштитата на личните податоци, можете да нè контактирате преку нашата e-mail адреса:
📧 jivihome@gmail.com
Притоа, вашата e-mail адреса и доставените информации ќе бидат користени исклучиво за обработка и одговор на вашето барање, согласно важечките прописи за заштита на личните податоци.